четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Тричковски сам го понижи Левски: Четири голови на Македонецот среде Софија (ВИДЕО)

Тричковски сам го понижи Левски: Четири голови на Македонецот среде Софија (ВИДЕО)

Иван Тричковски го одигра еден од најдобрите натпревари во кариерата откако постигна четири гола за АЕК Ларнака на гостувањето против Левски.

Македонецот царуваше на гостувањето во Софија, демолирајќи го домашниот состав и со четири гола трасирајќи го патот на АЕК кон следната квалификациска рунда од Лигата на Европа. Тричковски серијата голови ја почна со прецизен пенал во осмата минута, потоа зголеми на 0-2 со силен волеј-удар, за во второто полувреме уште два пати да се запише меѓу стрелците.

Тричковски и соиграчите во следното коло од квалификациите за ЛЕ ќе се сретнат со белгискиот претставник Гент.