Раководството на Барселона веќе има спремни кандидати за клупата ако не ја продолжат соработката со Сетиен.
Сетиен од доаѓањето на клупата на каталонскиот великан разочара многумина. Ја загуби титулата во Шпанија и се повеќе се зборува за негово заминување.
Тоа може да се случи ако Барса не успее да ја освои ЛШ, а ако им веруваме на шпанските медиуми, раководството на тимот од Камп Ноу веќе има три потенцијални замени.
Тоа се Маурисио Покетино, Марсело Гаљардо и Гарсија Пимиента, па многу лесно може да се случи некој од нив многу брзо да го видиме на клупата на Каталонците.