Тренерот на Челзи, Томас Тухел го критикуваше новиот формат за Лигата на шампионите.
– Не сум сигурен дека ми се допаѓа. Гледам дека има уште повеќе натпревари, и со оглед на нашиот календар, тешко е да бидам пресреќен. Сите тренери и играчи ќе имаат исто мислење. Лига на нации, Светско клупско првенство, национални тимови…. Ова не е поквалитетно, туку повеќе натпревари. Не сум задоволен од новата Лига на шампиони, но не играм никаква улога во ова. Ние сакаме да зависиме од нас и од нашата сила, рече Тухел.
Покрај германскиот фудбалски стручњак, деновиве и други врвни тренерски имиња изразија незадоволство од густиот натпреварувачки календар што најмногу ги засега големите европски клубови.