Менаџерот на Челзи, Томас Тухел, беше видно незадоволен по неочекуваниот пораз на стартот од Лигата на шампионите.Челзи загуби во Загреб од Динамо со 1:0.
„Секако дека ова е лош резултат за нас. Приказната се повторува оваа сезона. Почнуваме добро, создаваме неколку полушанси, но не ги конвертираме. Потоа лесно примаме гол од контранапад и влегуваме во проблем“, изјави по поразот Томас Тухел.
„Во моментов има премногу за анализирање. Очигледно не сме таму каде што треба и каде што дефинитивно можеме да бидеме. Така што на мене е да го решам проблемот, на нас е, треба да најдеме решенија. Во моментов ништо не функционира“.