Челзи со синоќешното реми против Брајтон во Лондон дополнително ја влоши својата ситуација во борбата за титулата во Премиер лигата.
Манчестер Сити со победата над Брентфорд отиде на осум бода предност, откако „Сините“ испуштија триумф против Брајтон.
Тренерот на Челзи, Томас Тухел, не можеше да смета на голем број играчи што во најголем дел придонесе за денешниот кикс на европскиот првак.
„Како да останеме во трка за титулата? Имаме седум случаи на коронавирус, имаме пет или шест играчи кои се отсутни месец и пол дена и подолго. Како да бидеме конкурентни?!“, запраша лутиот Тухел по мечот.