Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, изрази разочарување по елиминацијата од 1/16финалето во Купот на Германија.
Баварците синоќа загубија на гостувањето кај третолигашот Сарбрикен со 2:1.
– Нема разумно објаснување, разочарани сме. Баерн не беше арогантен, не се однесувавме како натпреварот ќе биде лесен. Има или сто објаснувања или нема. Тоа е чудно чувство. Сите што велат дека требаше да победиме овде се во право. Навистина сакавме да го освоиме трофејот во ова натпреварување. Но, сега ни преостанува само да му честитаме на противникот, изјави Тухел.
Во Бундеслигата, Баерн со 23 бода е на 2. место по девет одиграни кола. Лидер е Баер Леверкузен со 25 бода.