петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Тухел сака да биде селектор на англиската репрезентација

Тухел сака да биде селектор на англиската репрезентација

Германскиот фудбалски стратег Томас Тухел е заинтересиран да ја предводи англиската репрезентација, објави денеска лондонски „Телеграф“.

Тухел пред еден месец доби отказ во Челзи со кој освои три трофеи, вклучувајќи ја и Лигата на шампиони.

Актуелниот англиски селектор Герет Саутгејт ја презеде должноста во септември 2016 година, а сега е под критики од јавноста по елиминацијата на Англија од А дивизијата во УЕФА Лигата на нации.

Саутгејт има договор со Фудбалската федерација на Англија до јуни 2024 година, но неговата иднина на селекторската должност ќе зависи од пласманот на англиската репрезентација на претстојното Светско првенство во Катар.

Англија е во група со САД; Иран и Велс.