Менаџерите на Челси и на Тотенхем, Томас Тухел и Антонио конте, ги дознаа казните за инцидентот што го направија по последниот судиски свиреж на натпреварот (2-2) што се одигра на „Стемфорд бриџ“. Тие влегоа во клинч, имаа жестока вербална расправија, па и се „измерија“ со туркање со рацете.
Фудбалската асоцијација на Англија ги изрече казните. Томас Тухел доби еден меч суспензија плус парична казна од 35.000 фунти, додека Конте е казнет само со 15.000 фунти.