Тренерот на Челзи, Томас Тухел, по ремито (1:1) со Манчестер јунајтед синоќа на натпреварот од 37. коло на шампионатот на Англија, проговори за тоа што му недостига на тимот за да се бори за шампионската титула оваа сезона.
– Погледнете како играше Рис Џејмс, кој пропушти 12 недели. Ни недостигаше овој квалитет, но сепак остануваме во топ 3 екипи на шампионатот. Бевме блиску до пласман во следното полуфинале во Лигата на шампионите и за неколку месеци ќе учествуваме во второто куп-финале. Денеска не можевме да сметаме на Матео Ковачиќ и секако на Бен Чилвел. Приказната продолжува во текот на целата сезона. Разликата е во тоа што Манчестер сити и Ливерпул имаат на располагање полн состав, а ние имавме проблеми низ целата оваа сезона. Се соочивме со многу случаи на Ковид и долготрајни повреди, што имаа одлучувачко влијание врз резултатите, рече Тухел.
Челзи со 66 бодови е на третото место во Премиер лигата, додека Манчестер јунајтед освои 55 бода и остана на шестото место во поредокот.
Лидер е Манчестер сити со 80, пред Ливерпул кој собра 79 бода.