недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Турски клуб се интересира за Дарко Велковски

Турски клуб се интересира за Дарко Велковски

Македонскиот репрезентативец, Дарко Велковски е на пат да заигра во турската лига откако Анкарагучи сериозно се заинтересира за него и веќе почна преговори.

Договорот на Велковски со Ријека истече, тој е слободен играч и може да бира каде ќе ја продолжи кариерата.

Според турскиот новинар Осман Ченгиз, Анкарагучи е заинтересиран за македонскиот дефанзивец. Овој клуб во минатата сезона беше најдобар во втората турска лига и сега има амбиции подолго да се задржи во елитата.