сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Турскиот гигант објави, Доминик Ливаковиќ е нов голман на Фенербахче

Турскиот гигант објави, Доминик Ливаковиќ е нов голман на Фенербахче

Досегашниот голман на тимот на Динамо Загреб, и соиграч на нашиот Стефан Ристовски, Доминик Ливаковиќ е нов голман на турскиот гигант Фенербахче. По осум години минати на Максимир и шест освоени титули, Ливаковиќ заминува што се вели во вистинско време, затоа што реално како прв голман на репрезентацијата на Хрватска би требало да заигра во некоја од топ лигите во светот.

Фенерабахче цело лето преговара со Динамо околу трансферот на Ливаковиќ, а откако загрепчани испаднаа од квалификациите за Лигата на Шампионите, се што во моментов може да биде продадено за сериозна сума на пари, го наапушта Максимир.