вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

У19: Македонските фудбалерки се подготвуваат за новиот евроквалификациски циклус

У19: Македонските фудбалерки се подготвуваат за новиот евроквалификациски циклус

Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години ги почна подготовките за претстојниот квалификацискиот турнир во Грузија за пласман на Европско првенство 2023 година.

Избраничките на селекторот Астрит Мерко од 4 до 10 октомври во Тбилиси ќе играат во групата 6 од Б лигата во рамки на првата рунда квалификации.

За натпреварите против домаќинот Грузија (4. октомври) и Белорусија (7. октомври), селекторот Мерко повика 20 фудбалерки:

Голмани: Берна Кабачки (Бергх, Холандија), Кристина Павловска (Истатов);

Одбрана: Симона Ребека Маијер (Истатов), Ефимија Цунева (Тиверија), Едина Сулејмани (Ас Јунајтед), Матеа Блажевска (Скопје), Миа Головска (Скопје), Сара Ефтинџиоска (Деспина), Дајана Ристовска (Каменица Саса);

Среден ред: Ера Стеблева (Ас Јунајтед), Радица Велкова (Тиверија), Сара Мена (Ас Јунајтед), Кристина Мојсоска (Ас Јунајтед), Михаела Настоска (Деспина);

Напад: Јехона Велиу (Ас Јунајтед), Лора Сулејмани (ГПСО 92), Веса Села (Ас Јунајтед), Билјана Панеска (Тиверија), Ајна Исејни (Цирих Фрауен, Швајцарија), Еда Далипи (Ас Јунајтед).