четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Уапсен Дани Алвеш, екс ѕвездата на Барселона, девојка го пријавила за силување (ВИДЕО)

Уапсен Дани Алвеш, екс ѕвездата на Барселона, девојка го пријавила за силување (ВИДЕО)

Бразилскиот фудбалски репрезентативец Дани Алвеш е уапсен денеска во Барселона, откако жена минатиот месец го обвини за сексуален напад. Во тужбата е наведено дека случајот датира од 30 декември лани и, наводно, се случил во дискотека во Барселона.

Алвеш, кој е најтрофеен фудбалер во историјата, тогаш ги отфрли обвинувањата и тврди дека не ја познава жената која ја поднела тужбата. Обвинение за сексуален напад во Шпанија може да опфаќа сè – од несакано допирање до силување. Бразилскиот фудбалер, како што јавија шпанските медиуми, е испрашан од полицијата, по што судот ќе одлучи дали ќе му биде одреден притвор или ќе биде пуштен да се брани од слобода. Алвеш, кој е фудбалер на мексикански Унам, од 2017 година е во брак со познатата манекенка Жоана Санц.