четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Уапсени две лица по нередите на натпреварот Монпелје – Марсеј

Уапсени две лица по нередите на натпреварот Монпелје – Марсеј

Двајца навивачи беа уапсени по натпреварот од воведното коло на Францускиот фудбалски шампионат помеѓу Монпелје и Марсеј, пренесува „АФП“.

За време на прославата на голот во Марсеј, навивачите фрлија шишиња на теренот и го погодија в лице гостинскиот играч Валентин Роние, кој беше резерва.

Официјалниот спикер ги замоли фановите да се смират, но по пет минути, шишиња повторно полетаа на тревникот. Главниот судија Жереми Пињар мораше привремено да го прекине натпреварот.

На крајот победата им припадна на гостите од Марсеј со 3:2.