Ливерпул со 3-0 го победи Норич, а Мохамед Салах стана првиот фудбалер во историјата на Премиерлигата кој пет сезони по ред постигнува гол на отварањето на сезоната, во првото коло.
И Ливерпул ги покажа мускулите на стартот на сезоната во Премиерлигата. Тимот на Клоп славеше убедлива победа кај Норич.
Ѕвезда на мечот беше Мохамед Салах кој имаше две асистенции и еден гол.
Резултатот беше отворен во 26. минута кога Салах го проигра Жота а тој погоди за водство од 1-0.
Вториот гол дојде во 65. минута кога Салах додаде до нововлезениот Фирмино кој од лесна позиција реализираше за 2-0.
Десет минути подоцна и самиот Салах даде гол и ги постави конечните 3-0.
Со овој гол Салах креираше рекорд во Премиерлигата, тој е првиот фудбалер кој успеал пет сезони по ред да постигнува гол во првото коло.