Новинарите на шпанска Марка тврдат дека претставниците на УЕФА денеска ги информирале челниците на Барселона за нивната одлука околу настапот на овој тим во европските натпреварувања за следната сезона.
Така на Барселона и е дозволено следната сезона да игра во Лигата на шампионите, што е одлична вест за навивачите на овој клуб.
Оваа одлука е донесена откако луѓето во УЕФА детално ги анализирале сите информации што ги имале за наводното поткупување на судиите од Барселона.