УЕФА планира да ја отфрли кандидатурата на Русија да биде домаќин на Европското првенство во 2028 или 2032 година.
Раководството на Европската фудбалска асоцијација ќе одржи итни разговори со цел одбивање на кандидатурата на Рускиот фудбалски сојуз за домаќин на Европското првенство во 2028 или 2032 година, објави „Телеграф“.
Според британскиот весник, процесот за отфрлање на апликацијата на РФС е веќе започнат. УЕФА смета дека е „незамисливо“ да се биде домаќин на меѓународен турнир во Русија.
За потсетување, Велика Британија и Ирска претендираат да бидат заеднички домаќини на Европското првенство.
Изборот на организаторите на турнирот на УЕФА ќе биде направен во септември 2023 година. (МИА)