Погодокот од половина терен што чешкиот напаѓач Патрик Шик го постигна на натпреварот против Шкотска е прогласен за најубав гол на ЕУРО2020, соопшти вечерва Европската фудбалска асоцијација (УЕФА).
Голот на Шик доби речиси 800.000 гласови во изборот на официјалниот сајт на УЕФА на кој фудбалските навивачи одлучуваа меѓу десет голови номинирани од техничката комисија на УЕФА.
Своето ремек-дело Шик го постигна со прецизен лоб-удар со левата нога од 45.4 метри што официјално е најголема оддалеченост од која е постигнат гол во историјата на Европските првенства. (МИА)
🇨🇿🙌 After almost 800k votes, Patrik Schick’s long-range stunner vs Scotland is UEFA EURO 2020 Goal of the Tournament! ⚽️💥#EUROGOTT @GazpromFootball #EURO2020 pic.twitter.com/qBENMPj25b
— UEFA EURO 2020 (@EURO2020) July 14, 2021