Европската фудбалска федерација, УЕФА, ќе го истражува можното „лошо однесување и кршење на Ковид правилата“ на некои македонски репрезентативци во врска со земањето на примероци при нивното тестрање на коронавирус во саботата, пред мечот со Холандија.
Иако Македонија е елиминирана од Еуро 2020, УЕФА покрена истрага и можно е поднесување на дисциплинска постапка и казна за ФФМ.
Од УЕФА велат дека евентуалната казна нема да се однесува поединечно на играчите, туку казна би имало само за федерацијата.