четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

УЕФА размислува да го прошири ЕП и од 2028 година да се игра со 32 репрезентации

УЕФА размислува да го прошири ЕП и од 2028 година да се игра со 32 репрезентации

Европската куќа на фудбалот УЕФА сериозно размислува да го прошири форматот на Европските првенства и од 2028 година да настапуваат 32 репрезентации, наместо форматот со 24 селекции што е актуелен.

По сегашниот систем се игра од 2016 година, кога првенството на Стариот континент се прошири за нови 8 селекции, односно од 16 кои учествуваа на ЕП 2012 до 24 на турнирот во 2016 година, кога првак стана Португалија.

УЕФА е задоволна од проширувањето, со 24 репрезентации многу помали земји добија шанса да си го остварат сонот за настап на Европско првенство, а меѓу нив е и Македонија.

Развојот на фудбалот е една од приоритетните цели на УЕФА, па идејата за 32 репрезентации на ЕП е сериозен проект што би можел да почне од 2028 година. УЕФА под своја капа има 55 членки.