петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

УЕФА жестоко ја казни Србија поради расистички навреди, за ВАКВА КАЗНА ретко слушаме

УЕФА жестоко ја казни Србија поради расистички навреди, за ВАКВА КАЗНА ретко слушаме

Фудбалската репрезентација на Србија е казнета со настап без публика на следниот меч од Лигата на нации против Шведска и тоа поради расистичките навреди кои можеле да се слушнат на досегашните натпревари од ова натпреварување кои се играле во нашете северно соседство.

Згора на тоа, српските фудбалери на следната средба ќе мора на терен да истрчаат со парола: „Кажете НЕ на расизмот!“, а во случај ваков прекршок да се повтори во следната година, тогаш казната автоматски ќе се зголеми на уште една средба без публика. Србите покрај ова ќе треба да платат и вкупно 43.000 евра и тоа 30.000 поради расистичките навреди, 8.000 поради ласерските зраци вперени во противничките фудбалери и уште 5.000 евра поради влегување на навивачи на теренот.

Суспендиран е и голманот Предраг Рајковиќ, кој нема да може да настапи на средбите против Шведска и Норвешка во Белград кон крајот на септември и тоа поради навреди упатени кон официјалните лица на неодамнешната средба против Словенија.