вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

УЕФА жестоко ја казни Србија

УЕФА жестоко ја казни Србија

Српската фудбалска репрезентација е казнета со еден натпревар без публика и парична казна од скоро 90.000 евра поради навивачки инциденти на натпреварот со Црна Гора.

Па така Србија во последното коло од квалификациите за ЕП 2024 против селекцијата на Бугарија ќе мора да игра пред празни трибини.

Казната на УЕФА ќе може да се замени со исполнување на стадионот во Лесковац со деца на возраст до 14 години.

Натпреварот со Бугарија е решавачки за Србија во борбата за пласман на ЕП 2024 и играњето без публика може да биде хендикеп.