сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Украина сака да го одложи бараж мечот за пласман на СП во Катар

Украина сака да го одложи бараж мечот за пласман на СП во Катар

Поради војната која се одвива во нивната земја, на Украинците не им е до фудбал. Украина побара од УЕФА да им го одложи мечот со Шкотска.

„Како да играме фудбал и да се подготвуваме за овие важни натпревари кога со пушки ја браниме државата“, велат од Украина.

УЕФА се уште нема донесено одлука дали ќе го прифати барањето. Проблем е што ако се одложи мечот на Украина, ќе треба да се одложи и финалниот бараж од таа група. Во другото полуфинале играат Велс и Австрија.Но со оглед на тоа што Светското првенство се игра подоцна од вообичаеното, можно е УЕФА да го прифати барањето и овие мечеви да се играат понатаму.