понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Унгарците ја „урнаа“ Англија, БиХ во судиското продолжение освои поен кај Финска

Унгарците ја „урнаа“ Англија, БиХ во судиското продолжение освои поен кај Финска

Англиската фудбалска репрезентација доживеа незгоден пораз од 1:0 на гостувањето на „Пушкаш арената“ во Будимпешта, откако Унгарците ги издржаа сите напади на фаворизираните гости, пред од пенал да го совладаат Џордан Пикфорд во првото коло на Лигата на нации на УЕФА.

Рис Џејмс, неколку минути откако влезе во игра, во 64. минута направи фаул за пенал, а Доминик Собослаи беше сигурен од белата точка за водство на домаќините, кои мечот го играа пред 30.000 деца, поради казната која ја добија од УЕФА за расизам за претходниот меч со Англичаните во квалификациите за Светското првенство. Во тешката група 3 во Лига А покрај Англичаните и Унгарците се и Италија и Германија, кои играаат вечерва од 20.45 часот.

И Финска беше блиску до домашна победа со гол од пенал, откако Тему Пуки беше прецизен во 45. минута од мечот против Босна и Херцеговина, пред замената Смаил Превљак да израмни во 93. минута од мечот. Во Лига Ц, пак, Луксембург направи мала сензација победувајќи ја Литванија со 2:0 на гости.

ЛИГА НА НАЦИИ

ЛИГА А, ГРУПА 3

Унгарија – Англија 1:0

ЛИГА Б, ГРУПА 3

Финска – Босна и Херцеговина 1:1

ЛИГА Ц, ГРУПА 1

Литванија – Луксембург 0:2