Унион Берлин го запиша четвриот триумф по ред во германската Бундеслига, па привремено го презема првото место на табелата и го прескокна Баерн Минхен, после триумфот со 2-1 против Мајнц во 19-то коло во германската елита во кое, Борусија Дортмунд му одржа лекција на Фрајбург во дербито за ЛШ и го победи со 5-1.
Ајнтрахт Франкфурт со 3-0 ја победи очајната Херта за да дојде до 35 бода на петтото место, само два од Баерн и Дортмунд, а еден од Ред Бул Лајпциг, кој ремизираше без голови кај Келн.
Бохум со 5-2 го растури Хофенхајм во последниот денешен меч.