среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Урнебесно видео на Ловрен и Врсаљко: „Таа таму десно, таа ме масираше синоќа“

Урнебесно видео на Ловрен и Врсаљко: „Таа таму десно, таа ме масираше синоќа“

На твитер кружи едно ужасно забавно видео од прес-конференција на хрватските репрезентативци која е одржана пред десетина дена во Сочи, но се чини дека овој специфичен момент дури сега е откриен. Во видето се хрватските репрезентативци Ловрен и Врсаљко  кои седат еден до друг на пресот, со вклучени микрофони пред себе.

Во позадина се слуша женски глас, можеби некоја новинарка која поставува прашање. Одеднаш двајцата почнуваат да гледат во еден правец и притоа се трудат да изгледаат што е можно поприродно.

Во тој момент, во видеото, за кое не може да се тврди дека е автентично, но навистина е многу смешно, се слуша Ловрен како вели: „Таа таму десно, таа ме масираше вчера“.

Врсаљко притоа се обидува да остане сериозен, но не може да престане да гледа, се претпоставува во таа дама за која му говори Ловрен.