понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Усаин Болт ги постигна првите два гола како професионалец (видео)

Усаин Болт ги постигна првите два гола како професионалец (видео)

Светскиот рекордер во спринт на 100 и 200 метри, Усаин Болт ги постигна првите два гола за професионален фудбалски тим.

Тоа се случи при победата на австралискиот Централ Коуст Маринерс со 4:0 над Мекартур Саут Вест Јунајтед.

Јамајканецот, кој е на проба во тимот, го реализира третиот и четвртиот гол на натпреварот и со нив го оформи крајниот резултат.

– Се чувствувам одлично, откако постигнав два гола во првиот натпревар. Среќен сум дека дојдов тука и можам да му покажам на светот дека се развивам. Мојата желба е да бидам „Маринер“, да покажам најдобра игра и да се пробијам во тимот, рече Болт по средбата.