четврток, 18. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Уште еден Бабунски во Дебрецин, Дориан му се приклучи на брат му Давид

Уште еден Бабунски во Дебрецин, Дориан му се приклучи на брат му Давид

Македонскиот напаѓач Дориан Бабунски и официјално има нов клуб, но не Рапид Виена како што се шпекулираше во текот на претходните денови. 25-годишниот напаѓач својата кариера ќе ја продолжи во тимот на Дебрецин, каде што настапува неговиот постар брат, Давид.

Бабунски во унгарскиот прволигаш доаѓа од редовите на Ботев Враца, каде што имаше фантастична полусезона, запишувајќи десет гола и три асистенции на 18 натпревари.

„Голема чест е што можам да се приклучам на овој клуб. Се чувствувам подготвен да му помогнам на тимот, верувам дека заедно ќе имаме големи успеси. За првпат играм фудбал во ист клуб со брат ми и тоа исто така ќе ми биде посебно“, рече Бабунски по промоцијата.

Бабунски со новиот клуб потпиша договор на две и пол години. Благодарение на одличните партии во бугарскиот тим, во ноември доби и деби-повик за А-селекцијата на Македонија.