вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Уште еден фудбалер се откажа од хрватскиот дрес: Еден од најдобрите фудбалери на Мундијалот кажа збогум (ВИДЕО)

Уште еден фудбалер се откажа од хрватскиот дрес: Еден од најдобрите фудбалери на Мундијалот кажа збогум (ВИДЕО)

Даниел Субашиќ се прости од дресот на хрватската фудбалска репрезентација. После Ведран Чорлука и Даниел Субашиќ, тој одлучи дека повеќе нема да игра за репрезентацијата на Хрватска после 44 настапи.

Голманот на Монако и еден од најдобрите на Мундијалот во Русија со емотивна порака се прости од репрезентацијата.

Порака на Даниел Субашиќ до фановите:

Драги навивачи на хрватската репрезентација,

Дојде време после 10 години играње во репрезентацијата да се простам од најдрагиот наш дрес. Беше ова долго патување, уште од повикот во 2008 година и исполнувањето на сонот на едно „голманче“ Задар, а потоа многу труд и работа, како и годините трпение на клупата да станам број 1- односно мојот обилен 23.

Сакам од срце да им се заблагодарам на сите тренери- од секој од вас многу научив. Би сакал да го споменам Славен Билиќ кој прв ме повика во репрезентацијата и Златко Далиќ, со кој стигнавме до тоа неверојатно средбор. Фала многу на сите луѓе од ХНС и околу репрезентацијата, што се секогаш ни беа тука при рака за се што ни требаше, што направија ништо да не ни фали и да бидеме сите задоволни, среќни и здрави.

Му благодарам на моето семејство и сите најмили, кои од првиот ден беа со мене и на кои секогаш можев да се потпрам во овие тешки мигови, а такви ги имаше многу.

Оваа одлука ја донесов многу пред Светското првенство зошто сакав репрезентативната кариера да ја завршам со настап на Светско, што беше еден од моите соништа. Секој од нас има некој рок на траење, и на нас е да процениме колку долго можеме да играме. Можеби можев да одиграм уште еден циклус, но тоа можеби би било премногу. Вака сакам моите драги колеги, кои ја чекаат својата шанса да ги остварат своите соништа, како што ги остварив и јас играјќи за Хрватска- на младите останува светот и тие се хрватската иднина.

Мојот пат дојде до тука и до светското сребро во светиот дрес за кој давав се од себе, чесно и гордо на секој натпревар. Иако, ги нема многу, тоа е помалку важно- најважно од се е што сум исполнет и среќен човек што можев да играм за мојата татковина и најубавиот дрес на светот. Сите до еден будни го сонувавме неверојатниот пречек во Загреб, во мојот Задар и низ цела Хрватска. Тоа беа најубавите, најемотивните моменти во мојата кариера, кои заедно со тие месец дена во Русија, ја обележаа и дефинираа мојата приказна во репрезентацијата.

Ви благодарам на сите соиграчи, без вас ништо не би имало смисла. Проживеавме тешки моменти заедно, но исто така поминавме и многу убави. Оваа сплотеност, скромност и пријателство од Русија ќе го паметам целиот свој живот. За натпреварите нема да зборувам, зборувавме на теренот заедно, еден за друг, се фрлавме на глава, плачевме од среќа, игравме под инјекции, голтавме таблети како бонбони, се за нас, за нашиот дрес, за нашиот народ, за нашата историски светски сребрен медал.

Ви благодарам од срце на беспоштедната поддршка!

Тоа е љубов која не може да помине.

Засекогаш еден од вас,

Ваш Суба

Над сите ВАТРЕНИ 2018!