четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Уште еден пропаднат англиски талент – Гринвуд повторно уапсен

Уште еден пропаднат англиски талент – Гринвуд повторно уапсен

Младиот англиски фудбалер, Мејсон Гринвуд повторно е уапсен, под сомнение дека ги прекршил условите да биде пуштен на слобода со кауција по сомнежите за силување, физички напад и закани за убиство.

Ѕвездата на јунајтед наводно ја контактирала својата жртва со што ја прекршил кауцијата. Гринвуд беше уапсен во јануари откако брутално ја претепал и силувал неговата девојка.

Од тогаш Гринвуд е надвор од тимот на „црвените-ѓаволи“ и по се изгледа ќе биде уште еден англиски талент кој ќе пропадне поради работи надвор од фудбалските терени.