недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Уште една трансфер-бомба од ПСЖ, за Сергеј нудат вртоглава сума на пари

Уште една трансфер-бомба од ПСЖ, за Сергеј нудат вртоглава сума на пари

ПСЖ очигледно ќе доминира на фудбалскиот пазар и ќе го купува секој играч, кој ќе го посака, бидејќи ги има парите за такво нешто. По 220-те милиони за Нејмар, „светците“ планираат нов сензационален трансфер.

Италијанските медиуми пишуваат дека ПСЖ се договорил со Лацио за трансферот на Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Францускиот тим ќе им исплати 170 милиони евра обештетување за да го ослободат од договорот.

Доколку овој трансфер навистина се реализира, тоа ќе биде третиот најскап трансфер во историјата и сите три ќе бидат дело на ПСЖ. Најскап засега е оној на Нејмар од 220 милиони евра од Барселона, а втор ќе биде Килијан Мбапе, кој идното лето ќе се пресели во ПСЖ за 180 милиони евра, откако ќе му заврши позајмицата.

Трансферот на Милинковиќ-Савиќ би требало да се реализира идното лето, откако ПСЖ ќе се ослободи од Џулијан Дракслер, Анхел ди Марија, Кевин Трап и Лукас Мура. Сега се чека и реакција на Манчестер јунатед, кој исто така е сериозно заинтересиран за Србинот. Жозе Мурињо е голем фан на Милинковиќ-Савиќ, а интересно имаат и ист менаџер, Жорге Мендеш.