четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Утре стартуваат подготовките на нашите најдобри фудбалери пред Европското Првенство

Утре стартуваат подготовките на нашите најдобри фудбалери пред Европското Првенство

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија утре во 20 часот, во хотелот “Хилтон“ во Скопје, го закажа првиот собир на нашите најдобри фудбалери, по што ќе почнат и со подготовките пред настапот на Европското Првенство во фудбал кое ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули на кое ќе учествува прв пат и нашата најдобра репрезентација. Според информациите треба да се јават 26-те фудбалери кои селекторот Игор Ангеловски ги повика за настапа на ЕП.

Со тренинзи се стартува во среда, а базата на репрезентативци ќе биде хотелот “Хилтон“ каде ќе се тренира во спортскиот комплекс на ФФМ .

Одреден е бројот на тренинзи кои ќе се одработат и на Националната Арена “Тодор Проески “во Скопје, каде што ќе одиграме и две пријателски средби со Словенија на 1 јуни и со Казахстан на 4 јуни .

Во Скопје ќе се тренира до 8 јуни кога се патува во Букурешт, а нашиот прв настап ќе го имаме на 13 јуни против Австрија.

Во Букурешт ќе играме и со Украина на 17 јуни, додека потоа играме во Амстердам, каде во последниот меч во групата ќе и гостуваме на Холандија на 21 јуни.