Поранешниот голман на Барселона и на Манчестер Јунајтед, Виктор Валдес одлучи да ја заврши својата кариера на возраст од 36 години.
Валдес преку порака објавена на Твитер се опрости од активно играње фудбал.
– Благодарам за се, напиша Валдес.
Тој од претходно најави дека по завршувањето на кариерата ќе се повлече од јавниот живот и ќе се посвети на семејството.
Последниот клуб во кој бранеше Валдес беше англискиот второлигаш Мидлзбро.
Најголема афирмација Валдес доживеа во Барселона каде остана 12 сезони и при тоа забележа 535 настапи. Со каталонскиот тим освои 21 трофеј меѓу кои три во ЛШ и шест во Примера.