петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Валенсија – Аталанта пред празни трибини

Валенсија – Аталанта пред празни трибини

Реванш натпреварот меѓу Валенсија и Аталанта што е закажан за вторник (21 ч.) на „Месталја“ во осминафиналето во фудбалската Лига на шампиони ќе се игра пред празни трибини поради опасност од коронавирусот.

– Одлуката за играње зад затворени врати на „Месталја“ е конечна и неотповиклива. Тоа не е прашање за контрола на оние кои ќе влезат на стадионот. Тоа е прашање на јавно здравје што се однесува на сите, рече Ана Барцерло, регионална министерка за спорт, во образложение на одлуката.

Првиот натпревар меѓу Аталанта и Валенсија заврши со убедлива победа на екипата од Бергамо со 4:1.