среда, 17. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Валенсија ја има најлошата сезона во последните 40 години

Валенсија ја има најлошата сезона во последните 40 години

Шпанскиот фудбалски прволигаш Валенсија синоќа во натпреварот од 22. коло на Ла лига загуби од Хетафе на гостински терен со 1:0.

„Лилјаците“ се 19-ти во Ла Лига со 20 бодови, што е најлошиот резултат на клубот во последните четири децении.

Во минатото, сезоната 1982/83 по 22 натпревара, Валенсија освои 17 бода по четирите победи, пет нерешени и 13 загубени средби.

Во следното коло клубот на домашен терен ќе го пречека Реал Сосиедад.

Валенсија се наоѓа во серија од пет порази.