Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде по освоената титула синоќа изјави дека неговите момчиња биле најдобриот тим во шампионатот и заслужено триумфираа.
– Успеавме да ја освоивме титулата иако има уште натпревари до крајот на сезоната. Сметам дека бевме најдобриот тим, прокоментира тренерот по мечот.
Валверде објасни и која е тајната за успехот на тимот, кој оваа сезона се уште нема пораз во Ла Лига.
– Се обидов да работам врз динамиката на тимот и да не менувам многу работи. Тајната е колективот да биде смирен. Тајната за успехот се крие во соблекувалната. Не сум првиот тренер кој станува шампион со овие играчи, вели стратегот на Каталонците.
Тој смета дека Ла Лига е најтешкото натпреварување за освојување.
– Во Купот на Шпанија и Лигата на шампионите може да отпаднеш по лоша вечер. Првенството е нешто друго, тука треба да си постојан во текот на неколку месеци, додаде Валверде.