Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде е уверен дека Лионел Меси има уште фудбал во себе.
Во понеделникот вечерта, Аргентинецот ја собра „Златната топка“ и откри дека е задоволен што е почестен, кога веќе го гледа крајот на кариерата.
-Меси нема да замине утре, ниту за три дена. После 30 години, нормално е да се појават вакви мисли, рече менторот на „Лос Кулес„ пред утрешниот меч со Мајорка.
Во однос на тоа дали тимот се подобрил во последно време, тој вели вака: „Ако направите слаб натпревар, како оној со Леганес, се чини дека сте многу слаби. Три дена подоцна победивме против Борусија и бевме многу добри. Ние сме во клучна фаза во сезоната. Ние сме силни и не сакаме да престанеме да бидеме такви“. (МИА)