Фудбалерите на Ливерпул, Вирџил ван Дaјк и Роберто Фирмино, се вратија на тренинзите по повредите. Тоа се добри вести за менаџерот Јирген Клоп, откако оваа недела дозна дека нема да може да смета на Ибрахима Конате во следните неколку седмици.
Ван Дајк се опорави од повредата на тетивата која ја доби против Брентфорд минатиот месец, додека Фирмино беше надвор од теренот по паузата од Светското првенство кога заработи повреда на тренинг кампот во Дубаи.
Ливерпул в сабота ќе игра против Вулверхемптон, но тешко дека повратниците веднаш ќе се најдат во составот на Клоп.