сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ван дер Сар веќе не е во животна опасност, но останува на интензивна нега

Ван дер Сар веќе не е во животна опасност, но останува на интензивна нега

Легендарниот холандски голман, Едвин ван дер Сар останува на интензивна нега во сплитската болница, но неговата состојба е стабилна и неговиот живот веќе не е во опасност.

Ван дер Сар одморот го минуваше во Хрватска, во петокот беше хоспитализиран во Сплит поради крварење во мозокот. Состојбата му се подобрува, но останува под надзор на докторите.

„Едвин сѐ уште е на интензивна нега, но е стабилен. Не му е загрозен животот. Тој е комуникативен, но треба да бидеме трпеливи, да видиме како ќе се развива неговата ситуација“, изјави сопругата на Ван дер Сар, Анамари.