сабота, 24. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Ван дер Варт ги налути Шпанците, Коке жестоко му врати и го понижи

Ван дер Варт ги налути Шпанците, Коке жестоко му врати и го понижи

Рафаел ван дер Варт упати жестоки критики кон репрезентацијата на Шпанија и не штедеше зборови. Некогашниот репрезентативец на Холандија и фудбалер на Реал Мадрид ги критикуваше изданијата на „Фуријата“ на ЕП.

Но, Шпанците не би биле Шпанци ако премолчат и не возвратат на критиките. Коке се обиде да биде разумен и културен, но на крајот мораше да каже што му лежи на душа.

„Добро, ги почитувам мислењата на другите луѓе“, започна Коке, но набрзо го промени својот речник:

„Ја доби својата минута слава. Го гледав додека играше, особено во финалето на Светското првенство против Шпанија. Во Фудбалската федерација имаме фотографија од голот на Иниеста покрај кого е Ван дер Варт“, започна играчот на Атлетико.

Шпанија и Холандија би можеле да се сретнат во осминафиналето на ЕП. „Лалињата“ го заверија првото место во групата, а еден од потенцијалните ривали им е Шпанија. Ван дер Варт и Коке направија увертира која гарантира тензија на теренот.

„Ќе ги запаметиме неговите зборови со цел дополнително да не мотивираат во случај да се сретнеме со Холандија. Неодамна игравме пријателски меч против нив и ремизиравме. Не е вистина дека сега сме бавни и дека не знаеме да играме фудбал. Многу важни играчи сме, кои играат во важни тимови, победувавме и бележевме големи достигнувања. Исто така, во овој тим го имаме Бускетс, кој победи во финалето на СП против Холандија“, изјави Коке.