недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ванда Нара открива: Претседател на клуб не сакаше да преговара зошто сум жена, морав…

Ванда Нара открива: Претседател на клуб не сакаше да преговара зошто сум жена, морав…

Екс-сопругата на Мауро Икарди, Ванда Нара говори за дискриминација на жените во светот на фудбалот, претседател на клуб не сакал да преговара со неа бидејќи е жена.

Ванда Нара, која неодамна се раздели со Мауро Икарди, раскажа за своето искуство како агент на напаѓачот.

„Пред неколку години, за да се потпише договор, морав да испратам машко како замена бидејќи претседателот на клубот одби да преговара со жена“ – раскажува Ванда Нара.

Многумина ја обвинуваат за проблемите кои Мауро Икарди ги имаше во Интер и поради кои направи трансфер.

„Мауро сам одлучи за трансферот, но да, најлесно е да се обвини жената, особено во опкружување во кое доминираат мажите како што е фудбалот“.