петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Вардар со пораз се враќа од гостувањето кај Пјуник во Ереван

Вардар со пораз се враќа од гостувањето кај Пјуник во Ереван

Вардар со минимален пораз од 1:0 на гостувањето кај Пјуник во Ереван го започна воведното квалификациско коло за Лига Европа.

Во првиот дел Пјуник дојде до водство од 1:0 со голот на Мохамед Конате  во 28-та минута од натпреварот, а фудбалерите на Вардар до паузата не успеаа посериозно да се заканат на голот на домаќините.

Вардар во вториот дел се обиде да изврши посилен притисок и да стигне до израмнување, но фудбалерите на Пјуник ја зачуваа минималната предност доволна за победа.

Реванш се игра за седум дена во Скопје.

МИА