среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Васко Скендеровски: Со голема борбеност и пожртвуваност до позитивен резултат против Србија

Васко Скендеровски: Со голема борбеност и пожртвуваност до позитивен резултат против Србија

Македонската футсал селекција утре од 19 часот во Скопје поточно во СЦ ” Јане Сандански ” го игра еден од најважните натпревари од квалификациите за пласман за Европското Првенство

По одличното реми на првиот натпревар против Србија, нашата селекција ќе се обиде по втор пат да го изненади силниот противник и да го направи клучниот чекор кон пласман на континенталниот шампионат.

– После одличниот резултат остварен во Врање, не очекува можеби најважниот меч во нашата футсал историја. Со победа речиси ќе бидеме пласирани на Европското првенство во Холандија. Но, како што реков и пред натпреварот во Србија и на овој меч мора да влеземе со ладна глава и со добра, пред сѐ тактичка поставеност на играта да го надмудриме поквалитетниот и посилен противник од нас. Добро е што во составот се враќа нашиот капитен Ранготов и ќе имаме поголем избор, но истовремено морам да напоменам дека голем хендикеп е неиграњето на Даниел Де Соуса, играч со големо искуство во вакви натпревари. Се надевам дека со голема борбеност и пожртвуваност ќе успееме по втор пат да го изненадиме најголемиот фаворит во нашата група и ќе ги израдуваме сите љубители на футсалот во Македонија–  изјави селекторот на македонската футсал репрезентација, Васко Скендеровски.