Македонската фудбалска репрезентација до 21 година во јуни ги очекува двата завршни натпревари во евроквалификациите, по кои може да добие нов селектор и Драган Канатларовски да биде заменет со Александар Васоски, кој тоа го најави во интервју за босанските медиуми.
– Во преговори сум со два клуба. Едниот е од Македонија, и е моќен, а вториот е од странство. Исто така, има опција и да ја преземам македонската репрезентација до 21 година, изјави Васоски, во интервју за порталот „Репрезентација.ба“.
Васоски, кој претходно овој месец ја напушти клупата на босанскиот прволигаш Сараево, најави дека одлуката за својот следен ангажман ќе ја донесе „овие денови“.