Холандскиот фудбалер Вaут Вегорст наскоро би требало да биде промовиран во ново засилување на Манчестер Јунајтед.
Фудбалерот на Бешикташ треба да пристигне на „Олд Трафорд“ на позајмица до крајот на сезоната со право на откуп на договорот. На овој начин Вегорст ќе се врати во Премиер – лигата каде имаше неславен период во дресот на Барнли пред овој клуб да испадне во Чемпионшип минатата година.
Потоа летово се пресели во Бешикташ каде на 17 натпревари во сите натпреварувања постигна девет гола и забележа четири асистенции, со што повторно се најде на радарот на најпознатите европски клубови. Помогна и Светското првенство каде беше солиден постигнувајќи гол против Аргентина.