четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Важен член од „златната генерација“ на Франција: Дешамп нема однос со никого!

Важен член од „златната генерација“ на Франција: Дешамп нема однос со никого!

Светските шампиони од 1998-ма година имаат традиција заедно да се собираат на почетокот на секоја година, па свечената вечера на „златната генерација“ на триколорите имала средба изминатиов понеделник (пред два дена).

Неколку членови од легендарниот француски тим овојпат не се појавиле на пријателската средба, но на медиумите посебно внимание им привлекло отстуството на Дидие Дешамп, за кого веќе подолго време се зборува дека загубил секаков контакт со своите поранешни соиграчи.

За да се разјасни оваа тема, Ротен го повикал Емануел Пети во совјата програма на „Радио Монте Карло“, во која светскиот првак од 1998-ма година навистина потврдил дека Дешамп комплетно се изолирал и не контактира речиси со никого.

– Со кого има Дешамп однос? Навистина не знам што да кажам. Можам да кажам дека сигурно нема однос со златниот тим од 1998-ма година. Веќе долго време немаме слушнато ништо од него.

– Можно е да има некој контакт со Десаи, но со нас останатите не. Тој нема однос со никого. Ни здодеа да молчиме и да не ја кажуваме вистината. Дешамп нема однос со никого, тоа е се, – изјавил Пети.