вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ведран Чорлука ќе биде помошник на Златко Далиќ

Ведран Чорлука ќе биде помошник на Златко Далиќ

Поранешниот хрватски фудбалски репрезентативец Ведран Чорлука ќе биде дел од стручниот штаб на фудбалската селекција на Хрватска.

Оваа информација за хрватските медиуми ја потврди и претседателот на Хрватската фудбалска федерација, Давор Шукер.

„Ведран Чорлука е човек со неверојатна кариера во репрезентацијата. Токму затоа одлучивме тој да му биде асистент на Златко Далиќ за Европското првенство кое следува. Ова е одлука која ја донесовме заеднички со Златко. Среќен сум што Чорлука ќе биде во тимот, очекувам да биде од голема помош“, изјави Шукер.

Чорлука се уште активно игра фудбал и тоа во Русија во тимот на Локомотив Москва.