Италијанскиот фудбалски прволигаш Венеција му врачи денеска отказ на тренерот Паоло Занети, помалку од една година откако му помогна на клубот да се пласира во Серија А.
Венеција е во серија од осум порази во Серија А и последен пат победи на 12 февруари на дуелот против Торино.
Со 22 освоени бодови Венеција во моментов е на последното место на табелата со шест бодови помалку од зоната која обезбедува опстанок, но и натпревар помалку.
Клупскиот претседател Данкан Нидерауер објави дека тимот до крајот на сезоната ќе го води тренерот на младинскиот тим Андреа Сончин.
– Сите ги делиме заслугите за успесите минатата сезона и сите мораме да преземе одговорност за неуспесите оваа сезона, изјави Нидерауер.