петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Венгер го стигна Фергусон, в недела станува рекордер

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер синоќа го изедначи рекордот на Алекс Фергусон по број на натпревари во Премиер лигата. За Французинот дуелот со Кристал Палас беше 810-ти.
Венгер го стигна Фергусон, в недела станува рекордер

Во најсилната англиска фудбалска лига, исто толку натпревари има и легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон.

Венгер в недела, во очи Нова година, ќе се запише во историјата на англискиот фудбал кога Арсенал ќе му гостува на ВБА во последниот дуел од 2017 година.

Тој во Арсенал е од 1996 година, дебитираше на 13 октомври пред 21 година со триумф над Блекбурн.

68-годишниот Венгер го предводеше Арсенал до три шампионски титули, седум ФА купови и исто толку трофеи во Комјунити Шилд, но се уште нема трофеј во евро-куповите.