петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Венгер може да го предводи националниот тим на Катар

Венгер може да го предводи националниот тим на Катар

Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, може да ја предводи репрезентацијата на Катар, објави „Франс фудбал“. Шеесет и деветгодишниот француски специјалист е главен кандидат за функцијата.

Според информациите, раководството на националниот тим на Катар планира да го назначи Венгер со цел подобра подготовка за Светското првенство во 2022 година.

Венгер го предводеше Арсенал од 1996 до 2018 година. Во пролетта, сезоната 2017/2018, Французинот ја напушти функцијата тренер на лондонскиот тим. Венгер трипати ги доведе „Топџиите“ до шампионскиот трофеј во Премиер лигата, го освои купот и Суперкупот на Англија седум пати.

МИА